Францускиот фудбалски ас Карим Бензема се наоѓа во нова голема неволја, откако е вмешан во ланец за трговија со дрога. Весникот „Либерејшн“ излезе со информација дека поранешниот репрезентативец на Франција, кој доби забрана за настап поради изнуда на пари со видеоснимка на секс од својот соиграч Валбуена, сега би можел да добие ново сериозно обвинение.
Имено, Бензема би можел да биде осомничен дека бил дел од банда која тргувала со наркотици и перела пари. Првично, Бензема ќе се појави како сведок и ќе мора детално да ги објасни своите релации со одредени личности со криминално досие уште од периодот кога го носеше дресот на Лион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Принцот Чарлс има афера со позната актерка
-
Ова е Македонката која била „шефица“ за перење пари: Се фалела со луксуз, уживала на јахти додека правела големи скандали (галерија)
-
Приведен дилер на дрога од Тетово
-
Приведени 70 лица во тетовско и гостиварско под сомнeвање за продажба или користење на марихуана, хероин и кокаин