| четврток, 6 декември 2018 |

Поради љубовницата, Маринко Роквиќ остана без жената

маринко

Фолк пејачот Маринко Роквиќ на стари денови се збрлаве, па како и повеќето негови колеги си најде љубовница, поради што неговата жена Славица решила да го остави.

Тие двајца подолго време живеат одвоено бидејќи Славица го напуштила кога сфатила дека тој подолго време има авантура со непозната девојка.

– Сопругата на Маринко пред некое време си ги спакувала куферите и го напуштила нивниот заеднички дом бидејќи не можела да ги поднесе неговите изневерувања. Таа дознала за авантурата со една девојка со која е уште заедно. За ова заминување ги известила и синовите Никола и Марко на кои отворено им објаснила која е причината за нејзиното заминување – вели близок извор до семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top