Во „Атеље 212“ во моментот се одржува комеморацијата на Драган Николиќ. Се собра културната елита на Белград, голем број актери, политичари и други луѓе од јавниот живот. Меѓутоа, како што пренесуваат медиумите, највпечатливиот момент се зборовите на Раде Шербеџија што ѝ ги упатил на Милена Дравиќ.

Актерот Раде Шербеџија покрај многумина други колеги присуствувал на комеморацијата на Драган Николиќ и во свој стил рецитирал во чест на Гага.
-Секој од нас го носи својот јунак во своите сеќавања. Сосема сум сигурен дека Драган Николиќ е во првиот тим на југословенската театарска репрезентација – рекол Раде.
Шербеџија, спомнувајќи го првиот филм на Драган „Кад будем мртав и бео“, кажал дека сите веднаш се „вљубиле во тоа лице“.

Тој се осврнал и на неговите улоги и истакнал дека тие двајца имале нешто заедничко – едноставност и искреност и дека во тоа беше тајната на Драган Николиќ.
-Гаги беше најголемиот лаф кога се појави на белградскиот асфалт. Со неговата магионичарска магија тој знаеше да стане Драган и Милена. Тие умеат да светат како двојка. Гаго, мој мил, пред неколку месеци ми кажа: „Рашо ти не си мојот филмски брат, ти си мојот вистински брат“. Гаго, ти не си само мој брат, ти си брат на сите нас – низ солзи кажал Шербеџија.
За крај, Шербеџија ѝ се обратил на Милена.
-Милена. Ти треба сега да бидеш Милена и Драган – завршил актерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кога најблизок ќе ти замине, не се зборува: Шербеџија потресен од големата загуба!
-
Семејниот филм „Аги и Ема” е Филм на неделата на Cinesquare во чест на Милена Дравиќ
-
Комеморација за Драган Салковски во Кинотека на Македонија
-
Милена Дравиќ ќе биде погребана денеска во Алејата на заслужни граѓани во Белград


