| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: Одложувањето на преговорите за членство во ЕУ со Македонија е против стабилна Европа

Отворањето на преговорите за членство на Република Македонија во Европската унија е фактор за обезбедување долготрајна стабилизација и просперитет на Балканoт. За тоа сведочи и седмата препорака едноподруго од Европската комисија за почеток на преговорите, дoлгогодишните реформи, како и одговорноста што ја покажуваме при соочувањето со емигрантската криза, се дел од пораките што министерот за надворешни работи на Република Македонија ги упати на неформалниот министерски состанок што се одржа вчера во Виена.

Nikola-Poposki-int145-740x320

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, министерскиот состанок го отвори австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, кој порача дека Австрија останува посветен партнер на Република Македонија во евроатланскиот интегративен процес.

Eврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, за Македонија истакна дека успешното спроведување на изборите во јуни и фокусот на клучните реформи е темел за напредок на нашата држава во евроинтеграциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top