| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународен карневал „Прочка“ во Прилеп:Градоначалникот Ристески со семејството во традиционална руска носија (галерија)

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески секоја година на празникот „Велики поклади“ ја негува традицијата за маскирање. Годинава Ристески со ќерката Михаела и сопругата Фанче, одлучија да бидат маскирани во позната традиционална руска носија.

01

-Маската говори за сличностите на обичаите на двата народа. Во Русија се празнува празникот  Масленица, кој е сличен на нашиот празник кој го празнуваме „Велики поклади – Прочка“.  Празникот Масленица се одбележува како ритуал на испраќањето на зимата и пристигнувањето на пролетта и го означува преминот од зимските празници кон Велигденскиот пост. Согласно руската  традиција за овој,  празник младите бараат прошка од повозрасните  се со цел во постот да влезат со чиста совест што има многу сличности со празникот „Велики поклади – Прочка“.

03

Семејството Ристески на сите православни христијани им го честиташе празникот „Прочка“, посакувајќи им многу здравје и среќа.

04

Со дефилето на маските во центарот на Прилеп, кое го предводеа „Мечкарите“, заштитна маска, почна 15. меѓународен карневал „Прочка 2016“. Над 1.500 учесници во групни маски од Прилеп, од повеќе градови во државата и гости-маски од балканските земји дефилираа пред прилепчани и ги претставија своите оригинални, традиционални, но и современи карневалски маски. Дефилето го предводеа организаторите на прилепскиот карневал, општина Прилеп, Здружението „Прилепски мечкари“, како и гостите од Европската асоцијација на карневалските градови.

IMG_3621

– 15. меѓународен карневал „Прочка“ се одвива во најдобар ред. Ги пречекавме сите гости на карневалот, кои ги има многу, од сите балкански земји и од Италија. Карневалот станува голем туристички бренд, не само на Прилеп, туку и за Македонија. Ова е вековна традиција која се негува, почнувајќи одамна, од познатите и популарни „Мечкари“ кои се заштитна маска на фестивалот. Им ја честитам Прочка на сите и нека проштеваат ако нешто сме згрешиле, изјави градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.

Претседателот на Европската асоцијација на карневалските градови Питер Ван дер Крон му посака долговечност на прилепскиот карневал.

IMG_3861

– Му го честитам 15-от јубилеј на прилепскиот карневал. Радосен сум што многу луѓе се тука да не видат. Прилеп е многу значаен карневалски град во Македонија. Карневалот е за да се слави, изјави Ван дер Крон. Ванчо Георгиев, претседател на Здружението „Прилепски мечкари“ изјави дека во последно време има многу групи мечкари. – Во 15 години имаме повеќе групи мечкари, кои се на сите карневали на Балканот и веќе се препознатливи прилепските мечкари и секаде не очекуваат, рече Георгиев.

IMG_3934

На фестивалот со својата традиционална маска, исто мечкари се и гостите од Сардинија, Италија.

– Ние сме карневалска група од Сардинија. Името на маската е: „Мечката и човекот кој ја фаќа“. Доаѓаме од Соргоно, срцето на Сардинија. Маската е стара повеќе од два века. Првпат сме во Прилеп и сакам повторно да дојдеме. Атмосферата е прекрасна. Ве покануваме на Сардинија во февруари и во август. Тогаш секое место, село се карневалски, велат гостите од Сардинија, Италија.

IMG_3944

Прилепското здружение „Прочкари“ од Прилеп ја зачувува традицијата и на карневалот е со нова маска. – Годинава нашата нова маска е „Весели тутунари“. Тутунарите ќе се веселат за тутунот, а јас сум шеикот кој треба да го откупам тутунот. Дојдов со куфер полн со пари, изјави Горан Ржаникоски од здружението „Прочкари“. Првпат вчера се воспостави традиција и се одржа детскиот карневал со преку 300 учесници од училиштата.

IMG_3969

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top