На репертоарот на Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, наредните две недели се два македонски играни филмови од поновата филмска продукција. На 14, 15 и 16 март 2016 со почеток од 19.30 часот ќе се прикажува филмот „Три дена во септември“. Билетите за претставите можат да се набават два часа пред почетокот од 17.30 до 19.30 часот.
На 21, 22 и 23 март 2016 (понеделник – среда) ќе се прикажува филмот „Татко“.Филмот ,,Татко,“е копродукција помеѓу Германија, Косово, Македонија и Франција. Исто така, филмот е дебитантски игран филм на режисерот Висар Морина. „Татко“ беше премиерно прикажан оваа година на Интернационалниот филмски фестивал во Карлови Вари како филм од официјалната компетиција и ја доби наградата Кристален глобус за надобра режија. Филмот досега освои шест награди. Филмот беше косовски кандидат за номинација за Оскар во категоријата за филм од неанглиско говорно подрачје. Исто така е одбран за награди на Европската филмска академија.
,,Татко“ е емотивна бегалска драма која ја раскажува приказната на 10 годишниот Нори и неговиот татко Гзим во предвоено Косово во 90 тите години на минатиот век. Гзим бегајки од минатото го напушта Косово без својот син, а момчето ќе стори сѐ за да го задржи својот татко во оваа намера. Лут, но цврсто одлучен Нори тргнува на опасно патување за да го најде Гзим, кој бега во Германија. Со упорност каква што само дете може да има, тој се спротивставува на својот татко, на кого не може да му прости за тоа што го напуштил. И овој филм се снимаше во 2014 година на локации во Германија и Македонија. Јазик кој се користи во филмот е албански, германски, српски и англиски. ,,Татко“ беше подржан од Агенцијата за филм на Република Македонија како малцинска копродукција.
Филмот „Tри дена во септември “ е дебитантски игран филм на режисерот Даријан Пејовски кој Светската премиера ја имаше на овогодинешниот 39. Филмски Фестивал во Монтреал ,ќе се прикаже на Интернационалниот филмски фестивалл во Чикаго и Интернационален филмски фестивал во Котбус, Германија. Филмот е направен во копродукција со „Иконе студио“ од Косовo. Филмот беше подржан од стрна на Агенцијата за филм на Република Македонија и Косовскиот филмски ценатар.
„Три дена во септември” е приказна за две комплетно различни жени кои по игра на судбината се приморани да си помогнат една на друга. Марика убива човек во самоодбрана. Таа бега со воз каде што ја запознава Јана, тивка и срамежлива жена во своите доцни 30-ти. Јана патува кон нејзината куќа во изолиран крај длабоко во планините, кој ги крие нејзините тајни. Марика препознава шанса за да се засолни. Деновите минуваат во тивка меланхолија, а сомнежот надвете жени за нивните вистински намери станува сѐ посилен.
Во филмот играат Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Адем Карага, Милица Стојанова, Салаетин Билал.
Филмот се снимаше во 2014 година на локации во Скопје, Преспа и националниот парк Јасен. Во филмот се говори на македонски и албански јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура