| четврток, 6 декември 2018 |

Квадрат во Скопје лани чинел 52.916, во другите градови 33.243 денари

станови

Просечната цена на метар квадратен станбена површина во  2015 година изнесувала 46.085 денари, што е за 0,9 отсто помалку во однос на 2014, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во Скопје, просечната цена на метар квадратен била 52.916 денари што е за 1,8 отсто помалку во споредба со 2014 година. Во останатите населени места во државата, пак, таа изнесувала 33.243 денари, или за 0,8 проценти помалку од 2014.
Просечната цена во второто полугодие од 2015 година била пониска за 2,7 отсто во однос  на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесувало 1,5 отсто.
Наведените просечни цени на метар квадратен станбена површина се без данок на додадена вредност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top