| четврток, 6 декември 2018 |

Свеќа во бања предизвикала експлозија во Битола

Вчера околу 14,00 часот во Битола, на ул.„Васко Карангелевски“ во станот сопственост на И.Т. од запалена свеќа што била поставена на машина за перење, се запалил држач на кој биле поставени спрејови, дезодоранси, пена за бричење и спрејови за асма, по што дошло до експлозија во бањата. Во екплозијата се уништени вратата на бањата и надворешната врата, а сите прозорци од дневната соба се искршени.

Повредни лица нема.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top