
Refugee feature Bulgarian Turkish border at Lesovo. A new 30km fence has been built to stop illeagl refugees walking over the border. Ivan Sdoyanor, deputy head of Bulgarian Border Police.
Бугарија распоредува 400 војници и други припадници на безбедносните сили на границата со Грција во страв од налет на мигранти кој се очекува со затоплување на времето, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.
-Стотици, повеќе од 400 лица од војската, воената полиција и полицијата ќе останат тука- порача Борисов по вежбите во кои учествуваа и хеликоптери и оклопни возила на границата во близина на Македонија, пренесе агенцијата Франс Прес
Борисов додава дека уште 500 припадници на безбедносните сили би можело да бидат мобилизирани во рок од неколку часа ако биде потребно.
Границата на Бугарија со Грција е долга 470 километри, претежно планински предели, а само третина може да биде проодна за мигрантите.
Бугарија веќе има околу 2000 полицајци долж 260 километарската граница со Турција, а во моментов ја продолжува жичената ограда долга 30 километри, додава агенцијата.
Тие мерки за сега ја ставија земјата на маргините на проблемот со миграцијата, но сега кога Австрија и земјите долж Балканската рута ги ограничија минувањата, мигрантите бараат нови патишта до западот на Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


