| четврток, 6 декември 2018 |

Полскиот претседател заврши во ендек

duda polskaВо несреќа на автопат службениот автомобил во кој бил полскиот претседател Анджеј Дуда во петокот слетал од коловозот и завршил во ендек покрај патот, но за среќа немало повредени.

Инцидентот, според сознанијата на медиуми, се случил поради дупната гума на возилото, а претседателот Дуда за полската телевизија TVN24 изјавил дека во незгодата никој не бил повреден.

Полицијата покренала истрага за околностите во кои се случила незгодата. Според некои експерти, наведува полската телевизија, наводно е сомнително тоа што со пукнатата гума возилото излетало од коловозот.

Телевизијата TVN24 на својата интернет страница објави снимки како претседателскиот BMW, возејќи во колона со придружбата, излетува од автопатот, а исто така се шпекулира дека всушност станува збор за грешка на возачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top