Неспособен да изготви програма со која ќе ја придобие наклонетоста на граѓаните, СДСМ се трансформираше во партија-заложник на едно радикално крило, кое, пак, отворено се предаде во прегратките на надворешни центри на моќ верувајќи дека тие ќе му ја завршат работата и ќе го вратат на власт по десет години во опозиција. Врската од интерес на актуелното раководство со амбасадорите не беше искористена за враќање на довербата кај граѓаните, туку напротив, беше злоупотребена за засилување на омразата и за поттикнување одмазда кон секој неистомисленик.
Етномазохизмот што го поттикнаа челните луѓе на СДСМ, го прифатија опозициските медиуми, квазиекспертите и аналитичарите, кои веќе подолго време во континуитет ги понижуваат македонските граѓани обраќајќи им се со погрдни зборови (глупави, идиоти, стоки, цепаници недоделкани, будали…) Следбениците на радикалната струја во исто време отворија фронт со сите неистомисленици на секое поле – влегоа во војна со медиумите кои не се под нивна контрола, им се закануваат на банкари и на бизнисмени, се испокараа со речиси сите идеолошки истомисленици за кои националните интереси сè уште се поважни од личните и од партиските, ги отфрлија дури и сопартијците од СДСМ за да ја „убијат“ секоја прогресивна мисла внатре во партијата која го загрозува исполнувањето на нивното радикално сценарио… Од целото граѓанско општество останаа во добри односи само со подземјето и со криминалците кои ќе го очекуваат својот дел од колачот по целосното разбивање на државниот систем.
Колку се поголеми провокациите, толку е посилна омразата меѓу народот. Колку се посилни тензиите, толку се поголеми шансите ситуацијата да излезе од контрола и да завладее хаос. Тоа е целта на радикалите во СДСМ, кои по секоја цена се обидуваат да избегаат од соочување со народот.
Така „слободоумните опозиционери“ кои на полицајците во Куманово им посакуваа смрт, сега го славеа апсењето на Едмонд Темелко, го поздравуваа и се ситеа на претепувањето на првиот човек на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров…, а забеганоста им оди дотаму што отворено повикуваат на леење крв по улици… Колку се порадикални, толку побрзо напредуваат во структурите на партијата. Етномазохизмот, од кој се срамеа и се оградуваа на почетокот, сега го шират со големо задоволство. Целта е целосно да се скрши отпорот на граѓанството за да може да се поклопат сите државни институции со овие антидржавни структури.
Оттука, не е тешко да се заклучи дека обидите да се наметне колективна психоза со која треба да се ампутира националната свест, ќе трае не само до 5 јуни, но и потоа… Ширењето омраза не само што нема да спласне, туку силно ќе се поттикнува.
Сепак, главниот проблем на радикалните опозиционери е во тоа што обидот за насилно преземање на власта може да предизвика контраефект. Ако народот биде испровоциран да излезе на улица за да си ја врати контролата над државата, тоа нема да биде револуција, туку контрареволуција. Токму затоа, тие што бараат крв, треба да бидат многу внимателни што посакуваат, затоа што може да им се исполни желбата.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.