| четврток, 6 декември 2018 |

Кари и другарите продолжуваат да фасцинираат, ноќеска израмнија рекорд на Мајк Џордан (видео)

stef kari

Тимот на Голден стејт вориорс продолжува да урива се пред себе во НБА-лигата, па така актуелниот првак со синоќешниот триумф над Оклахома сити тандер (121-106) израмни уште еден рекорд што долго време делуваше недостижен. Имено, оваа победа беше 44. во низа на домашен терен за Голден стејт, со што „воините“ го израмнија рекордот што му припаѓаше на Мајкл Џорџан и „неговите“ Чикаго булс од сезоната 1995/96.

Стеф Кари повторно беше најдобар кај Бориорс со 33 поени, Клеј Томсон реализираше 21, додека Дрејмнод Грин и Харисон Барнс реализираа по 14 поени. Кај Оклахома, Кевин Дурант беше најефикасен со 32 поени, Расел Вестбрук реализираше 22, додека Серж Ибака броеше до 20 поени.

– Ова е неверојатно достигнување, не само на нас кошаркарите и стручниот штаб, туку и на нашите верни навивачи, кои создаваат неверојатна атмосфера на секоја домашна средба – изјави Кари, кој постигна 33 поени н овој натпревар.

Сан Антонио ја забележа седмата победа во низа триумфирајќи на гостуваањето против Њу Орлеанс со 86-94. Клучна беше последната четвртина во која „спарси“ го задржаа противникот на само 18 поени, додека во фазата на нападот одличен беше Леонард, кој го заврши натпреварот со 30 поени зад своето име.

НБА резултати:

Мајами – Феникс 108-92, Голден стејт – Оклахома сити 121-106, Далас – Сакраменто 101-104, Њу Орлеанс – Сан Антонио 86-94.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top