Како да ги воспитаме нашите деца?
Каде грешиме?
Ако ги учиме да бидат внимателни и учтивни кон другите, тоа се исмејува меѓу невоспитаните и безобразните.
Ако бараме да бидат културни и љубезни, со нив си поигруваат простаците и дивјаците.
Ако им кажеме да бидат вредни и да учат, им се смејат политичарите, тајкуните и криминалците.
Ако им кажеме да не се тепаат и проблемите да ги решаваат по мирен пат, ги напаѓаат насилници и силеџии.
Што да правиме?
Какви деца да воспитуваме? се запрашува Бранко Драгаш.
Овие прашања ги поставуваат воспитани родители.
Оние кои ги воспитуваат своите деца.
Невоспитаите родители немаат никакви дилеми.
Нивните деца се невопостани.
Како да се воспитаат невоспитаните деца?
Логично би било прво да се превоспитаат нивните невоспитани родители. Меѓутоа, тоа оди многу тешко. Кој треба тоа да го направи?
Училиштетот не може да ги превоспита невоспитаните родители. Се обидува да ги смени нивните невоспитани деца. Тоа оди тешко, бидејќи нема поддршка од државата. Невоспитаните деца се враќаат во семејствата на невоспитаните родители.
Државата потполно кренала раце од воспитување на децата во училиште. Државата законски ги штити невоспитаните деца. Така што државата ги поддржува невоспитаните родители нивните деца да прават проблеми во општеството. Бидејќи нема строги казни кон овие родители и нивните деца, невоспитаните сметаат дека се им е дозволено и ги малтретираат воспитаните деца и нивните родители. Тоа се прави систематски. Невоспитаната власт ги поддржува невоспитаните родители и нивните невоспитани деца. Кругот на злото е затворен. Доброто е надвор од тој круг и мора само да се снаоѓа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст