Крвава драма се одвивала синоќа во Теово. Околу 19 часот и 40 минути во тамошната Клиниката било донесено 13-годишно девојче од селото Милетино, со убодна рана во стомакот. Поради сериозноста на повредите, детето било пренесено итно во Ургентен центар. Полицијата информира дека по разговорот со девојчето било констатирано дека таа била нападната од четири малолетни лица, меѓу кои и 12-годишно момче од тетовското село Желино, кој ја прободел со остар предмет.
По извршениот разговор со момчето во присуство на родител, тоа на полицијата и раскажало дека девојчето го удрило со клоца, по што тој земал нож и ја прободел, па избегал од местото на настанот.
Полицијата работи на расветлување на крвавиот настан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.