| четврток, 6 декември 2018 |

Раниери кон Махрез: Ако продолжиш да мислиш на Барселона ќе те седнам на клупата

ranieri i mahrez

Одличниот играч на англискиот премиерлигаш Лестер, Ријад Махрез, е поврзуван со можен трансфер во шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, а менаџерот на „лисиците“, Клаудио Раниери, му порача дека може да си замине, доколку навистина го сака тоа.

– Сакаме да ги задржиме своите играчи, затоа што веруваме во нив. Но, ако играчот дојде до мене и ми каже ’Сакам да си одам, затоа што такви ми се амбициите’, јас имам подготвен одговор – ’Оди, уживај и среќно’. Махрез доколку навистина сака да оди во таков клуб, треба да покаже и многу повеќе – истакна Раниери.

Освен за Махрез, европските гиганти силно се интересираат и за Џејми Варди, централниот напаѓач на Лестер, кој игра во неверојатна форма, и сигурно е дека на крајот на сезонава, ќе се соочи да загуби барем еден од нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top