Најдобриот тенисер на сите времиња и моментно трет светски рекет, Швајцарецот Роџер Федерер, речиси сигурно ќе ги пропушти настапот на следните два турнири, во Индијан Велс и во Мајами. Тој пред три седмици го оперираше менискусот на коленото и нема намера да брза со своето враќање на тениските терени. Негов приоритет е здравјето, а последниот збор секако ќе го имаат лекарите.
– Нема да брзам со враќањето. Најважно е повредата да се санира на најдобар можен начин, а потоа и максимално да се подготвам за настапите на тениските терени. Сигурно ќе го пропуштам Индијан Велс, а најверојатно и Мајами. Сепак, ќе се водам од советите на мојот лекарски тим – изјави Федерер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.