| четврток, 6 декември 2018 |

На што се може да се обложите за наградите „Оскар“?

Обложувалницата „Спортсбет“ излезе со различни коефицинети за обложување за претстојните доделувања на филмските награди „Оскар“.
Може да се обложите со каква боја на фустан ќе се појави Кејт Бланшет или дали некој од добитниците нема да го заборави својот говор.

Со коефициент 21: 1 (односно за ваш долар ако имате точна констатација ќе заработите 21 долари) може да се обложите дека некој меѓу победниците ќе падне на сцената.

Истиот коефициент се нуди и за можноста водителот да се збуни и наместо победникот да објави друго име.

Со коефициент 34: 1 може да се обложите дека некој од победниците ќе одбие да ја прифати наградата.

Има облози и за Леонардо ди Каприо. Коефициент од 91: 1 се нуди за можноста тој да излезе на сцената, за да земе наградата за најдобар актер, иако не е победник во оваа категорија.

Ако пак сте вистински коцкар, може да се ставите пари на кефициент 476:1, дека Ди Каприо ќе објави кандидатура за претседател на САД токму на церемонијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top