| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Димова: Десет отсто од населението страда од остеоартритис

Она што со­вре­ме­на­та ор­то­пе­ди­ја го знае е де­ка по­крај тоа што осте­о­ар­три­ти­сот е де­ге­не­ра­тив­но за­бо­лу­ва­ње, во ос­но­ва ле­жи ед­на вос­па­ли­тел­на од­нос­но инф­ла­ма­тор­на ком­по­нен­та. От­ту­ка про­из­ле­гу­ва и име­то осте­о­ар­три­тис, ко­ја е кра­тен­ка што оз­на­чу­ва вос­па­ли­те­лен про­цес, ве­ли д-р Ди­мо­ва

Спо­ред не­кои ста­ти­сти­ки, ду­ри де­сет от­сто од на­се­ле­ни­е­то стра­да од осте­о­ар­три­тис, од­нос­но де­ге­не­ра­тив­ни за­бо­лу­ва­ње на згло­бо­ви­те. Ти­пич­ни зна­ци на осте­о­ар­три­тис е оште­ту­ва­ње на зглоб­на­та ’рска­ви­ца, бол­ка, вос­па­ле­ние и на­ма­ле­на под­виж­ност на згло­бо­ви­те. Де­ге­не­ра­тив­ни­те про­це­си на згло­бо­ви­те кои се слу­чу­ва­ат со ста­ре­е­ње­то мо­жат да се ја­ват и на пом­ла­да во­зраст, ако по­сто­јат ри­зич­ни фа­кто­ри ка­ко што се за­си­ле­но оп­то­ва­ру­ва­ње на згло­бо­ви­те, зго­ле­ме­на те­лес­на те­жи­на, по­вре­ди и дру­го. Ова за­бо­лу­ва­ње мо­же да ги на­пад­не си­те згло­бо­ви, а нај­че­сто се ја­ву­ва во ко­ле­на­та, на кол­ко­ви­те, на згло­бо­ви­те на длан­ка­та и на ’рбе­тот, ве­ли д-р Але­ксан­дра Ди­мо­ва, ор­то­пед во „Не­у­ро­ме­ди­ка“.

 

aleksandra dimova 1 (Custom)

Ова за­бо­лу­ва­ње мо­же да ги на­пад­не си­те згло­бо­ви, а нај­че­сто се ја­ву­ва во ко­ле­на­та, на кол­ко­ви­те, на згло­бо­ви­те на длан­ка­та и на ’рбе­тот

 

Да­ли на­ше­то те­ло мо­же да ги за­ле­чи и да ги ре­ге­не­ри­ра по­вре­ди­те?

ДИ­МО­ВА: На­ше­то те­ло е соз­да­де­но ана­том­ски и во ос­но­ва­та на сво­и­те фи­зи­о­ло­шки про­це­си, ко­га е здра­во и ко­га е во пол­на фор­ма, мо­же да за­це­лу­ва по одре­де­ни бо­ле­сти, по акти­ви­ра­ње на одре­де­ни па­то­фи­зи­о­ло­шки ме­ха­низ­ми и по одре­де­ни по­вре­ди. Ме­ѓу­тоа, по­сто­јат одре­де­ни тки­ва кои ја не­ма­ат спо­соб­но­ста за комп­лет­но об­но­ву­ва­ње и за ре­ге­не­ра­ци­ја, а та­кви тки­ва пред сѐ се мо­зоч­но­то тки­во и зглоб­на­та ’рска­ви­ца.

 

Што е осте­о­ар­три­тис?

ДИ­МО­ВА: Осте­о­ар­три­тис е де­ге­не­ра­тив­но за­бо­лу­ва­ње на зго­ло­бо­ви­те, на зглоб­на­та ’рска­ви­ца, од­нос­но, тоа е еден вид ста­ре­е­ње на зглоб­на­та ’рска­ви­ца. Во неј­зи­ни­от со­став по­сто­јат ко­ла­ген­ски влак­на кои со те­кот на го­ди­ни­те поч­ну­ва­ат да се рас­ки­ну­ва­ат, да ја гу­бат сво­ја­та ела­стич­ност и со тоа до­а­ѓа до по­мал или до по­го­лем сте­пен на де­струк­ци­ја, од­нос­но до уни­шту­ва­ње на ’рска­ви­ца­та. Ко­га комп­лет­но ќе се уни­шти ’рска­ви­ца­та, поч­ну­ва да стра­да и неј­зи­на­та под­ле­жеч­ка ко­ска и со тоа, всуш­ност, се слу­чу­ва оште­ту­ва­ње на це­ли­от зглоб, ка­ко во не­го­ва­та функ­ци­ја, та­ка и во функ­ци­ја­та на не­го­ви­те окол­ни тки­ва, ли­га­мен­ти­те, те­ти­ви­те и на му­ску­ли­те што го оп­кру­жу­ва­ат и што учес­тву­ва­ат во функ­ци­ја­та на тој зглоб. Она што со­вре­ме­на­та ор­то­пе­ди­ја го знае е де­ка по­крај тоа што осте­о­ар­три­ти­сот е де­ге­не­ра­тив­но за­бо­лу­ва­ње, во ос­но­ва ле­жи ед­на вос­па­ли­тел­на, од­нос­но инф­ла­ма­тор­на ком­по­нен­та. От­ту­ка про­из­ле­гу­ва и име­то осте­о­ар­три­тис, ко­ја е кра­тен­ка што оз­на­чу­ва вос­па­ли­те­лен про­цес. Вос­па­ли­тел­ни­от про­цес, пак, во сво­ја­та фи­зи­о­ло­шка ос­но­ва има акти­ви­ра­ње на одре­де­ни ен­зим­ски син­џи­ри ка­де што се ос­ло­бо­ду­ва­ат ни­за вос­па­ли­тел­ни ма­те­рии кои се ме­ди­ја­то­ри на тој про­цес. Еден од ос­нов­ни­те ме­ди­ја­то­ри на вос­па­ле­ни­е­то прет­ста­ву­ва та­ка­на­реч­ни­от ин­тер­ле­у­кин 1.

 

aleksandra dimova 6 (Custom)

Осте­о­ар­три­тис е де­ге­не­ра­тив­но за­бо­лу­ва­ње на зго­ло­бо­ви­те, на зглоб­на­та ’рска­ви­ца, од­нос­но, тоа е еден вид ста­ре­е­ње на зглоб­на­та ’рска­ви­ца

 

Ка­ко дејс­тву­ва ме­то­дот ор­то­кин?

ДИ­МО­ВА: Ме­то­дот ор­то­кин во сво­ја­та ос­но­ва го има про­тив­вос­па­ли­тел­но­то дејс­тво. За­тоа и го спо­ме­нав ин­тер­ле­у­кин 1 ка­ко ос­но­вен ме­ди­ја­тор на вос­па­ле­ни­е­то. Ор­то­кин-те­ра­пи­ја­та прет­ста­ву­ва авто­лог­на те­ра­пи­ја. Ло­го­то или мо­то­то на оваа те­ра­пи­ја е „ле­кот е во вас“. Во оваа те­ра­пи­ја се зе­ма и се упо­тре­бу­ва кр­вта на са­ми­от па­ци­ент. Таа крв пр­во се ин­ку­би­ра на одре­де­на тем­пе­ра­ту­ра, од­нос­но на 37 Цел­зи­у­со­ви сте­пе­ни, ко­ја е та­ка­на­ре­че­на суп­фе­брил­на тем­пе­ра­ту­ра на ко­ја се мно­жат си­те тие од­бран­бе­ни фа­кто­ри во кр­вта. По ин­ку­ба­ци­ја од шест до де­вет ча­са, кр­вта се цен­три­фу­ги­ра и од неа се изв­ле­ку­ва се­ру­мот што е збо­га­тен со 140 па­ти по­го­ле­ма кон­цен­тра­ци­ја на ин­тер­ле­у­кин 1 ре­цеп­тор­ни бло­ке­ри. Што зна­чи тоа? Тоа зна­чи де­ка се ос­ло­бо­ду­ва­ат ма­те­рии кои во оште­те­ни­от или во вос­па­лен зглоб се на­фа­ќа­ат на ме­сто­то на ре­цеп­то­ри­те ка­де што ина­ку би се на­фа­тил ин­тер­ле­у­ки­нот 1 и на тој на­чин го сто­пи­ра­ат са­ми­от про­цес на вос­па­ле­ние. Во се­ру­мот се со­др­жат и одре­де­ни фа­кто­ри на за­це­лу­ва­ње кои за­ед­но со про­тив­вос­па­ли­тел­на­та ком­по­нен­та го пот­пол­ну­ва­ат овој про­цес на за­ле­ку­ва­ње на де­ге­не­ра­тив­но или тра­у­мат­ски по­вре­де­на­та зглоб­на ’рска­ви­ца.

 

За кои по­вре­ди и за­бо­лу­ва­ња нај­че­сто се ко­ри­сти?

ДИ­МО­ВА: Ос­нов­но­то дејс­тво на ме­то­дот ор­то­кин го ко­ри­сти­ме во ле­ку­ва­ње на зглоб­на­та ’рска­ви­ца, но, исто та­ка, се ко­ри­сти за за­це­лу­ва­ње на по­вре­ди на му­ску­ли, ли­га­мен­ти, те­ти­ви, па ду­ри и на нерв­ни тки­ва, пред сѐ во смис­ла на одре­де­ни ра­ди­ку­ло­па­ти, ди­скус хер­ни­ја и слич­ни не­вро­ло­шки за­бо­лу­ва­ња кои пре­диз­ви­ку­ва­ат бол­ки во гр­бот. Овој ме­тод глав­но се ко­ри­сти ка­ко за де­ге­не­ра­тив­ни­те за­бо­лу­ва­ња на згло­бо­ви­те, та­ка и за нив­ни­те тра­у­мат­ски оште­ту­ва­ња. Во пос­лед­но вре­ме сѐ по­ве­ќе на­о­ѓа при­ме­на во ле­ку­ва­ње на рев­ма­то­ид­ни­от ар­три­тис, кој е се­ри­оз­на авто­и­му­на бо­лест ко­ја ги на­па­ѓа згло­бо­ви­те и комп­лет­но ги уни­шту­ва. Важ­но е да се знае де­ка овој ме­тод се ко­ри­сти во си­те згло­бо­ви – од нај­го­ле­ми­те ка­ко кол­кот, ко­ле­но­то, ра­ме­ни­от зглоб до нај­ма­ли­те, ка­ко што се ма­ли­те згло­бо­ви по­ме­ѓу член­чи­ња­та на пр­сти­те. По­крај згло­бо­ви­те, се ко­ри­сти и во трет­ман на по­вре­ди и на за­бо­лу­ва­ња на му­ску­ли, те­ти­ви и на ли­га­мен­ти.

 

aleksandra dimova 5 (Custom)

Ортокин ме­то­дот е ап­со­лут­но без­бе­ден, не­ма ни­ка­кви нус­по­ја­ви, мо­же да се по­вто­ру­ва не­о­гра­ни­чен број па­ти

 

Кол­ку па­ти тре­ба да се при­ме­ни овој ме­тод?

ДИ­МО­ВА: Кол­ку па­ти ќе има по­тре­ба да се пре­ме­ни овој ме­тод за­ви­си од тоа за што се упо­тре­бу­ва, од­нос­но ко­ја е ос­нов­на­та бо­лест или по­вре­да. Во су­шти­на, при­ме­на­та на ме­то­дот ор­то­кин обез­бе­ду­ва обез­бо­лу­ва­ње и по­до­бре­на функ­ци­ја на згло­бот, ко­ја трае мно­гу по­дол­го во од­нос на си­те прет­ход­ни кон­зер­ва­тив­ни ме­то­ди на ле­ку­ва­ње што до­се­га сме ги има­ле на рас­по­ла­га­ње. Ефе­ктот од овој ме­тод е ин­ди­ви­ду­а­лен, за­ви­си од па­ци­ен­тот и од ос­нов­на­та бо­лест. Мо­же да трае до­жи­вот­но, или пак не­кол­ку го­ди­ни. Но, она што е бит­но е тоа де­ка ме­то­дот ор­то­кин е комп­лет­но авто­ло­ген ме­тод, не ко­ри­сти до­да­ток на ни­ка­ква хе­ми­ја, ни­ка­ков лек, ни­ка­ква обра­бо­тка на кр­вта на па­ци­ен­тот освен онаа во ко­ја до­би­ва­ме ек­стра­хи­ра­ње на ма­те­ри­и­те што ни се по­треб­ни од неа. Та­ка што ме­то­дот е ап­со­лут­но без­бе­ден, не­ма ни­ка­кви нус­по­ја­ви, мо­же да се по­вто­ру­ва не­о­гра­ни­чен број па­ти.

 

Кол­ку вре­ме се ко­ри­сти во све­тот?

ДИ­МО­ВА: Во све­тот се ко­ри­сти од 1985 го­ди­на. Ме­то­дот е гер­ман­ски, неј­зин автор е до­ктор Пе­тер Ве­линг од Гер­ма­ни­ја. Го­ле­ми, се­ри­оз­ни цен­три го ра­бо­тат овој ме­тод и е про­ши­рен низ Евро­па, па и на Бал­ка­нот. Во Хр­ват­ска по­сто­јат де­вет та­кви цен­три кои ра­бо­тат со го­ди­ни и има­ат од­лич­ни ре­зул­та­ти. Еден од ос­нов­ни­те ба­зе­ни на па­ци­ен­ти со те­ра­пи­ја­та ор­то­кин се спор­ти­сти­те, за­тоа што по­ве­ќе се под­лож­ни на по­вре­да.

 

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска
Фо­то: Ѓор­ги Ли­чов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top