| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовна приказна која го расплака светот (видео)

Американскиот бренд „Ехтра“ реши да го расплаче светот. Во новата реклама со назив „Втора шанса“ сведочиме на љубовна приказна помеѓу Џесика Лангевин и Маркус Декредициј.

Двојката се запознала уште во градинка, а тогаш животните патишта им тргнале во различни насоки. Џесика се омажила, а потоа и се случи трагедија. Нејзиниот сопруг загинал во Афганистан додека таа била бремена со ќерката Зои.

Во исто време Маркус поминува низ големи промени во неговиот живот. Тој станал самохран татко и решил да се врати кај неговите родители. Тогаш повторно се сретнал со Џесика и помеѓу нив почнала да се раѓа љубов.

Нивните две мали семејства се споиле во едно. „Џесика ме спаси, ме направи подобра личност. Таа е мојата среќа“, гордо изјавува Маркус.

Со помош на ќеркичките Зои, Аливија и Малро тој решил да ја побара Џесика за сопруга. Тој момент го забележале и камерите и од снимката настанала реклама која нема да ве остави рамнодушни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top