| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар со 34.000 евра ќе се офајди од Европското првенство

dejan manaskov

Секој ракометен клуб кој во своите редови има поголем број на репрезентативци без разлика за која земја настапуваат има голем бенефит од тоа.
По завршувањето на Европското првенство во Полска, европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги соопшти сумите со кои ќе ги обештети сите клубови од Европа кои имале ракометари од своите редови, a настапиле за своите селекции.
Од ваквата одлука најмногу ќе се офајди македонскиот шампион Вардар кој испрати дури 13 играчи на ова првенство.

Основицата по која се пресметува вкпната отшета е 419 евра по играч, за секој меч на кој бил во записникот. Тоа зачи дека Дејан Манасков, кој одигра шест меча, самиот ќе му донесе 2.514 евра отштета на македонскиот првак. Заедно со уште Филип Лазаров и Стојанче Стоилов сумата достигнува до 7.123 евра кои Вардар треба да ги земе како отштета за настапите во Полска само на македонските репрезентативци.

Меѓутоа, црвено-црниот тим имаше и ракометари кои играа на ЕП и за други репрезентации. Зато. вкупната отштета која треба да ја добијат е околу 34.000 евра. Најголем удел во оваа сума Шпанците, Македа, Дујшебаев и Штребик за кои Вардар треба да добие 10.000 евра, бидејќи сите одиграа максимални осум натпревари.

Оваа сума од точно 33.939 евра е недостижна дури и за бундеслигашите кои имаа многу германски, но и туѓи репрезентативци. Најдобро ќе биде компензиран Фленсбург со 27.235 евра.

Од колачот ќе „лапне“ и Металург и многу малку Работнички. Металург ги имаше Филип Кузмановски, Даниел Дупјачанец и Жарко Пешевски, третиот со пет регистрирани натпревари, па затоа ќе инкасира нешто над 7.000 евра. Точно 838 евра ќе добие Работнички за двата натпревара на Никола Маркоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top