| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо е подготвен за преселба, веќе си купил и нов дом во Манчестер

murinjo

Португалскиот стратег Жозе Мурињо од лето речиси сигурно ќе седне на клупата на Манчестер јунајтед. Доказ за тоа е и куќата што тој ја купил во Манчестер, открива португалскиот весник „Корејо де Мања“.

Овој медиум тврди дека Мурињо ангажирал агенција која треба да ги среди сите формалности околу неговиот нов дом во Манчестер. Засега не се споменува во кој предел од градот ќе биде куќата на Мурињо и дали во околината за соседи ќе има дел од фудбалерите на клубот, или пак, можеби, сер Алекс Фергусон.

Во моментот Мурињо со своето семејство живее во Лондон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top