Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, оствари работна посета на Република Словенија, во чии рамки заедно со Министерот за образование, наука и спорт на Република Словенија, Маја Маковец Бренчич , потпишаа Протокол за соработка во областа на образованието. Со склучувањето на Протоколот ќе се овозможи натамошен развој и продлабочување на постојната билатерална соработка меѓу двете земји, преку непосредна соработка и контакти меѓу образовните установи во сите домени на образование, истакна Адеми при потпишувањето на Протоколот.
– Во рамки на овој Протокол, на студентите, државјани на Република Македонија, што се однесува до плаќање на школаринатa за додипломски, студии, овозможено им е студирање под еднакви услови и критериуми што ќе важат и за словенечките студенти, а во согласност со условите и критериумите на универзитетската автономија на словенечките универзитети. Исто така, од голема важност за Република Македонија е и договорената поддршка за воведување на заеднички последипломски студии, меѓу заинтересираните високообразовни установи на двете земји во областите од земен интерес, а со цел подобрување на квалитетот на образованието и во овој сегмент. Со одредбите на Протоколот, предвидени се стипендии за студиско усовршување на високообразовните установи во двете земји за млади истражувачи до 26 годишна возраст, како и стипендии за студенти кои го изучуваат македонскиот, односно словенечкиот јазик на високообразовните установи во двете земји – рече Адеми.
Двајцата министри на средбата разговараа и за политиките во областа на образованието и науката во двете земји, со акцент на позитивните искуства што ги има Република Словенија, како земја-членка на Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст