| четврток, 6 декември 2018 |

Техничките министри од СДСМ поднесоа оставки (видео)

tehnicki ministri sdsmТехничките министри и замениците-министри од СДСМ бараат Собранието пред да се распушти вечерва согласно со одлуката донесена 18 јануари да им ги прифати оставките. Оливер Спасовски заедно со останатите членови од СДСМ во Владата за подготвување на изборите, напоменаа дека доколку Собранието вечерва се распушти, тие бараат претходно да им бидат констатирани оставките. Тој вели дека на функцијата дошле како дел од Пржинскиот договор за да се реализираат фер и веродостојни избори за излез од политичката криза.
-Во Македонија нема услови за фер и за демократски избори на 24 април. Тоа е директно потврдено и од меѓународната заедница, ЕУ и САД. Без прочистен избирачки список и без реформи за слободни медиуми нема услови за регуларни и за веродостојни избори – порача техничкиот министер Спасовски, кој прашан дали доколку не се распушти Собранието ќе останат на функциите, посочи дека „Текстот на оставката е многу јасен“.

– Мислам дека текстот на оставката е многу јасен доколку се останува на одлуката со која што се распушта Собранието донесена еднострано од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ бараме претходно да ни бидат констатирани оставките… Ние сме во оставка од моментот на поднесувањето и оние што ја донесоа одлуката за распуштање на собранието имаат обврска да не ослободат од овие позиции што ги имаме – посочи техничкиот министер.
На прашање дали ќе се повлечат и од другите точки од договорот од Пржино, техничките функционери посочуваат дека Договорот бил прекршен со носењето на одлуката за самораспуштање, без да прецизираат дали тоа значи дека Договорот од Пржино за нив важи или не?
– Договорот од Пржино е прекршен со самото носење на одлуката за распуштање на собранието која беше донесена еднострано од двете политички партии… Тоа е моментот на прекршување на договорот – додаде Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top