| четврток, 6 декември 2018 |

Блуд и неморал: Руски тинејџерки на приредба играле пошокантно од стриптизерки

Тверкинг изведбата на една тинејџерска танчарска група предизвикала гнев во Русија и веднаш по претставата се појавила снимка на интернет, а потоа и многу наскоро станала случај за во полиција.

Официјалните лица во градот Оренбург, близу границата со Казахстан, спроведуваат две одвоени кривични истраги поради видео снимка која има повеќе од 4 милиони прегледи за само два дена. Локалната покраинска влада му наредила на танчарското студио да се затвори додека трае истрагата.

Претставата започнува со човек облечен како мече кое бара мед. Одеднаш музиката од класичниот цртан филм станува вистинско место за безобразен тинејџерски танц на девојчиња облечено како пчели.

Во рок од неколку часа руските инспектори работеле на случајот. Се истражува по обвиненија за неспретност и перверзни дела. Во последниот период во Русија се покренаа многу обвиненија за осомничени за сексуална работа со малолетници и можат да се добијат затворски казни и до 10 години затвор, во зависност од возраста на жртвата. Руската старост за сексуална согласност е 16 годони.

Повеќе од 22.000 луѓе коментирале негативно за ова видео и биле вознемирени од начинот на кој играле девојчињата.

Директорката на студиото, Викторија Јаковенко, изјавила дека имала дозвола од родителите девојчињата да настапат и додаа дека не знае кој го објавил тоа видео, но верува дека тоа го сториле нејзините конкуренти.

За неа нема ништо страшно и дури е изненадена дека овој настан кренал толкава прашина.

Само одете на интернет, ќе најдете мноу полоши и поексплицитни танци, рекла таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top