| четврток, 6 декември 2018 |

Го измислија „Титаник“ и потонаа

naslovna181-1

Во новиот број на Република кој е во продажба од утре, 19 февруари 2016 година, ќе читате:

 

Од бом­баш-самоубиец капетан не би­ва

Го измислија „Титаник“ и потонаа

Ми­на­ти­от пе­ток Ма­ке­до­ни­ја се раз­бу­ди со не­ве­ру­ва­ње. Не мо­же­ше да се све­сти де­ка Ка­ти­ца Ја­не­ва со си­от ум на сво­јот прв слу­чај му го да­де име­то „Ти­та­ник“. Ни по­мал­ку ни по­ве­ќе –  ди­рект­но пре­ју­ди­ци­рај­ќи то­не­ње на акту­ел­на­та власт. И до­де­ка си­те нор­мал­ни се чу­деа на не­вку­сот и на без­о­бра­зи­е­то, ли­ку­ваа и сла­веа са­мо на „Па­вел Ша­тев“, но и тие екс­прес­но ги из­га­си­ја ска­ри­те и се вра­ти­ја на пи­е­ње­то. За да ја „уда­ват“ та­га­та, не­ли. За жал, на СЈО и на СДСМ, сѐ што на­пра­ви­ја со овој не­про­мис­лен акт е соз­да­ва­ње­то на но­ва­та по­го­вор­ка: „Кој на друг Ти­та­ник му го­тви, сам во не­го то­не…“   И та­ка би. СЈО се за­ко­па, СДСМ се до­за­ко­па со сопс­тве­но­то то­не­ње. За уште по­го­ле­ма жал на Ка­ти­ца Ја­не­ва, ко­ја бе­срам­но и со по­ли­тич­ка цел ја упо­тре­би нај­го­ле­ма­та брод­ска не­сре­ќа во ко­ја во да­леч­на­та 1912 за­ги­наа 1.514 лу­ѓе, неј­зи­ни­от „Ти­та­ник“ има слич­но­сти и не­кол­ку па­ра­ле­ли со ви­стин­ски­от. Ин­те­рес­но, но се сов­па­ѓа­ат по­ве­ќе при­чи­ни за то­не­ње­то на два­та „Ти­та­ни­ка“.

 

Од ме­ди­ум­ски спе­ктакл до мо­ра­лен де­бакл

Ви­ру­сот За­ев смр­то­но­сен за опо­зи­ци­ја­та

Пр­ва­та ак­ци­ја на об­ви­ни­телс­тво­то под име „Ти­та­ник“ по­ка­жа три клуч­ни ра­бо­ти: опо­зи­ци­ја­та не­ма на­ме­ра да го де­мо­кра­ти­зи­ра оп­штес­тво­то ту­ку да го оку­пи­ра; спе­ци­јал­но­то об­ви­ни­телс­тво про­пу­шти го­ле­ма шан­са да ја вра­ти до­вер­ба­та во судс­тво­то и по­ка­жа де­ка на­ста­пу­ва ка­ко про­дол­же­на ра­ка на За­ев и не­го­ви­те стран­ски мен­то­ри; про­фе­си­о­нал­ни­те стан­дар­ди кај ме­ди­у­ми­те што ми­лу­ва­ат да се на­ре­ку­ва­ат не­за­вис­ни ни­ко­гаш не би­ле на по­ни­ско ни­во, а опо­зи­ци­ски­те но­ви­на­ри ни­ко­гаш не се пот­пи­ра­ле по­ве­ќе на ла­ги и на ма­ни­пу­ла­ции ме­сто на фа­кти и на ар­гу­мен­ти. Се­то ова, пак, во­ди до еден зак­лу­чок- ви­ру­сот за­ев што пре­диз­ви­ку­ва комп­лет­на еро­зи­ја на мо­рал­ни­те и на етич­ки­те чо­веч­ки вред­но­сти се­ри­оз­но е ра­ши­рен не са­мо кај не­го­ви­те најб­ли­ски пар­ти­ски со­ра­бот­ни­ци, ту­ку и врз спе­ци­јал­на­та об­ви­ни­тел­ка и ме­ѓу не­го­ви­те ме­ди­ум­ски тру­би.

 

Двојните стандарди на соросовите медиуми

Слушај ме што барам, не ме гледај што правам

Во оп­штес­тво­ во кое се­кој се за­ни­ма­ва со се­бе, се по­стиг­на по­ли­цај­ци­те да се бра­нат од по­ли­ци­ја­та, об­ви­ни­телс­тво­то од об­ви­ни­те­ли­те, а по­ли­ти­ка­та од по­ли­ти­ча­ри­те и, се­ка­ко, но­ви­нарс­тво­то да се бра­ни од но­ви­на­ри­те. За ова пос­лед­но­во, до­де­ка се ба­ра „ре­ше­ние на хар­ти­ја“, про­фе­си­о­нал­ни­те стан­дар­ди оста­ну­ва­ат ток­му та­му – са­мо на хар­ти­ја. Јав­но­ста, пак, си фа­ќа се­ир че­кај­ќи ја след­на ме­ѓу­на­род­на јав­на по­ну­да за фе­ла­цио

Ќе до­жи­вее ли ма­ке­дон­ско­то но­ви­нарс­тво да не се за­ни­ма­ва са­мо со се­бе? Ве­ро­јат­но, да. Но, да­ли си­те ќе би­дат за­до­вол­ни? Уште по­ве­ро­јат­но, од­го­во­рот е – не! До­де­ка Ма­ке­до­ни­ја се тур­ка во ви­о­рот се­ко­ја про­фе­си­ја да би­де ос­по­ру­ва­на и ста­ве­на во по­зи­ци­ја да се до­ка­жу­ва де­ка е про­фе­си­о­нал­на, но­ви­нарс­тво­то по на­ле­тот на за­лу­та­ни и не­ре­а­ли­зи­ра­ни „ви­ру­си и ба­кте­рии“ по­втор­но се бра­ни са­мо од се­бе.

 

Анкета на Брима Галуп

Мнозинството нема доверба во Катица Јанева

Резултатите од анкетата на Брима Галуп покажуваат дека дури 50% од граѓаните немаат доверба во Катица Јанева, за разлика од 32,4% кои го мислат спротивното.

Огромното мнозинство од 35.4% сметаат дека Катица Јанева е поблиска до СДСМ, а само 1% сметаат дека е поблиска до ВМРО-ДПМНЕ. 19.9% сметаат дека таа следи упатсва и е под влијание на амбасадорите на САД и ЕУ.

Мнозинството граѓани односно 38.9% сметаат дека некоја од политичките партии ќе се обиде да го саботира или избегне постигнатиот договор во Пржино, а на прашањето кој ќе биде тоа, повеќе од половина односно 57.1% сметаат дека договорот ќе биде саботиран од СДСМ, за разлика од дупло помалку односно 25.2% кои сметаат дека тоа ќе биде ВМРО-ДПМНЕ.

 

Бизнис во подем

По 10.000 евра за нови градинки

Не­вра­бо­те­ни­те, но и  прав­ни суб­је­кти што са­ка­ат да отво­рат при­ват­на дет­ска гра­дин­ка мо­жат да ап­ли­ци­ра­ат за грант од 600 ил­ја­ди де­на­ри на ог­ла­сот што де­но­ви­ве го об­ја­ви Ми­ни­стерс­тво­то за труд и за со­ци­јал­на по­ли­ти­ка и Аген­ци­ја­та за вра­бо­ту­ва­ње, а ќе трае 20 де­на. Пла­но­ви­те се го­ди­на­ва да под­др­жат отво­ра­ње на 10 при­ват­ни дет­ски гра­дин­ки, што ќе овоз­мо­жи отво­ра­ње но­ви ра­бот­ни ме­ста и но­ви ка­па­ци­те­ти за сме­сту­ва­ње и за згри­жу­ва­ње на де­чи­ња­та.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top