Кина планира да пресели 10.000 луѓе за да се направи место за најголемиот радио-телескоп на светот со кој ќе се бара живот во вселената.
Отворениот сферичен радиотелескоп со пречник од 500 метри е сместен во ридовите на провинцијата Гижоу, а се очекува да почне да работи годинава, пренесе официјалната новинска агенција.
Од провинцијата велат дека до септември ќе бидат преселени 9.110 жители кои живеат во радиус од 5 километри од телескопот. Целта е „да се создаде опкружување за квалитетни електромагнетни бранови“.
Според Кинеското астрономско здружение претходно посочи дека чувствителноста на високиот интензитет на телескопот „ќе помогне да се бара интелигентен живот во вселената“.
Овој телескоп кој чини 180 милиони долари, со големината ќе го надмине актурлниот рекордер, опсерваторијата во Пуерто Рико, чија што големина е 305 метри.
Жителите кои ќе бидат преселени ќе добијат помош во пари или во домување.
Во минатото кина преселуваше илјадници луѓе заради големи инфраструктурни проекти, како што се брани или канали, а многумина од преселените се жалеа за малата компензација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.