Експертите прогнозираат дека во 2116 година храната нема да се готви, туку ќе се печати, а луѓето ќе живеат под земја и во морето.
Во иднина поточно за 100 години како што предвидуваат експертите наместо да одиме од куќа на одмор благодарение на големите дронови ќе може да си ја носиме целата куќа со себе.
Ова е само едно од предвидувањата на група научници која вклучува и архитекти и урбанисти за тоа како е се живее за еден век.
Наместо облакодери луѓето ќе живеат во „земјодери“ подземни згради кои одат и до 25 ката во длабочина.
Храната печатена со 3Д печатач ќе има широка примена, а од интернетот е може да симнувате омилени јадења од познати готвачи. Освен храната 3Д печатарите ќе печатат и цели згради.
На продолжен одмор ќе се оди на Месечината која ќе биде колонизирана. Ѕидовите ќе бидат во облик на ЛЦД екрани кои ќе се прилагодуваат на нашето расположение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.