| четврток, 6 декември 2018 |

Изберете шишки според обликот на лицето

Обликот на лицето во голема мера дефинира какви шишки би ви прилегале најдобро. Погледнете што советуваат експертите и проверете дали се сложувате.

Облик на лице: Коцкасто

Најдобри шишки за вас: Заоблени и меки

Ако имате заоблен облик на лице избегнувајте ги сосема правите, коцкасти шишки. Тиа само ќе направат вашето лице да изгледа како коцка.

Облик на лице: Округло

Најдобри шишки за вас: Користејќи истата логија како и за коцкастите лица, потребно е да ги избалансирате цртите на лицето, па во овој случај избегнувајте заоблените и одберете рамни шишки.

Совет: Ако ги скратите шишките токму над линијата на веѓите ќе го издолжите лицето уште повеќе.

Облик на лице: Овално (со кратко чело)

Најдобри шишки за вас: Супер кратки

За лицата кои имаат кусо чело вообичаено се препорачува да се избегнуваат шишки, бидејќи тие го нагласуваат малиот простор помеѓу веѓите и линијата на косата. Сепак, супер кратки шишки во пин-ап стил можат да прилегаат кул на ваков облик на лице.

Облик на лице: Овално (со долго чело)

Најдобри шишки за вас: Долги, разделени на средина

Девојките со овално лице се среќни, бидејќи речиси секој вид на шишки, во сите должини и варијатни може да изгледа добро со нивните пропорции на лице. Сепак, постои една особеност која може да направите разлика помеѓу добра и одлична фризура – должината на целото. Ако челото ви е подолго, разделувањето на шишките на средина создава илузија дека најниската точка на целото е подолу од природната линија на косата, скратувајќи го челото оптички. Истенчените шишки исто така се добра опција, односно шишки кои се погусти кон коренот а поретки кон врвовите.

Облик на лице: Срцевиден

Најдобри шишки за вас: Ретки и во слоеви

Ваквата аголна структура на коски одлично прилега со ретки шишки, кои ги омекнуваат линиите на лицето. Супер е и што можете да ги носите и на страна или разделени на средина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top