| четврток, 6 декември 2018 |

Новото продолжение на „Војна на ѕвездите“ се снима на Балканот

Вселенска авантура во нашето соседство.

Star-Wars-The-Force-Awakens

По големиот успех на најновото продолжение на серијалот „Војна на ѕвездите: Силата се буди“  не можеше да случи, а да не следи уште едно продолжение. Штотуку беше потврдено и дека најновото продолжение ќе биде снимано во Хрватска.

Имено, новиот филм во славниот авантуристички СФ серијал ќе се снима помеѓу другото и во Дубровник. Атрактивните ѕидини во Дуборовник, плажите Бање, Страдун и Ректоровата палата се локациите кои се досега потврдени, а со помош на филмска магија тие треба да бидат претворени во предели од нова планета на која јунаците од серијалот се уште не слетале.

12376580_940265286065311_3188082191881815823_n

Македонските љубители на „Војната на ѕвездите“ можеби малку ќе им љубоморат  на нашите западни соседи на оваа чест, но ако ништо друго, како утеха може да биде тоа што Дубровник не е далеку и имаат можност да го посетата за време на снимањето кое е закажано за период од 9 до 16 март оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top