| четврток, 6 декември 2018 |

Фејсбук воведува нова промена: лајк е„мртов“ да живеат реакциите (фото)

Марк Закерберг помеѓу споделување на фотографии од ќерка му и чепкањето по умовите на теоретичарите на завера стигнал да смисли уште една опција на Фејсбук, а Лајк веќе со денови седи во ќоше и се мурти. Не му е  лесно, остарел.

download

Фејсбук долго ја најавуваше опцијата „Реакции“ . Тие би требало да бидат нова модерна измена на листата.

-Не е секој статус убав статус, а ако споделите нешто тажно како што е бегалска криза или пак некој починал, не е во ред некој да го лајкува постот. Затоа решивме да им дадеме на луѓето повеќе опции од самиот лајк – кажал Зукерберг.

Корисниците на Фејсбук долго го бараа дисалјк копчето, но изгледа дека креаторите на социјалната мрежа тоа го ставиле на блок.

И така наместо едноставно копче идеално за докажување на луѓето (кој има повеќе лајкови, а кој дислајкови на статус) ќе има вакви емотикони.

Фејсбук реакциите ќе изгледаат вака:

reactions(4)_1000x0

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top