Филмот „Три дена во септември“, на македонскиот режисер Даријан Пејовски е селектиран во програмата „Фокус Европа“ на овогодинешното издание на ФЕСТ Белград.
Оваа година е 44. издание на Фестивалот кој се одржува од 26 февруари до 6 март. Годинава белградскиот филмски фестивал се одржува под мотото „Ги брише границите“.
Македонскиот филм премиерно ќе биде прикажан во програмата „Фокус Европа“ на 2 март. „Три дена во септември“ е долгометражен првенец на Пејовски, кој минатата година беше селектиран на неколку филмски фестивал, меѓу кои во Монтреал, Чикаго и други.
Во главните улоги настапуваат Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Салетин Билал, Милица Стојанова. Директор на фотографија е Димо Попов, Сценариото е на Игор Иванов Изи и на Пејовски, а музиката е на Александар Пејовски.
На ФЕСТ Белград ќе бидат прикажани вкупно 110 филмови во 12 програми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Наградата „Балкански мостови“ за филмот на Дарјан Пејовски „Три дена во септември“ на Фестивалот во Фиренца
-
Европска премиера на филмот „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски на ФЕСТ во Белград
-
Програма „Фокус на македонскиот филм“ на фестивал во Прага
-
„Три дена во септември“ и „Татко“ пред публиката во Кавадарци