| четврток, 6 декември 2018 |

Дебакл на Интер во миланското дерби (видео)

Milan-Inter

Милан убедливо го совлада Интер со 3-0 во „Дерби дела Мадонина“, нанесувајќи му го вториот пораз во последните четири меча. Избраниците на Синиша Михајловиќ со голем триумф се рехабилитираат и се искачуваат на шестата позиција на табелата со 36 бода, само пет помалку од „нероаѕурите“ кои се четвртопласирани.

Во прекрасна атмосфера, како и секогаш кога играат овие градски ривали, Едер, новото засилување на Интер ја имаше првата шанса, но не успеа да ја претвори во гол. Тоа го казни дефанзивецот Алекс, кој во 35.минута, со одличен удар со глава го совлада Хандановиќ, по извонредниот центаршут на Кеисуке Хонда.

Во вториот дел, Интер имаше голема можност за израмнување. Икарди шутираше пенал, но го погоди само дирекот од голот на Донарума. А, тоа Милан знаеше да го казни. Карлос Бака зголеми на 2-0, а точка на дебаклот на градскиот ривал стави Нијанг во 77.минута од средбата.


Alex da Costa Wonderful Goals – AC Milan vs… by sports-live2

На табелата Наполи е лидер со 50 бодови, Јувентус е втор со 48. Следуваат Фиорентина (42), Интер (41), Рома (38), Милан (36), итн

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top