| четврток, 6 декември 2018 |

За овие три хороскопски знаци февруари ќе биде месец од пеколот

Иако пред нас е најкраткиот месец во годината на некои ќе им се чини најдолг. Иако многумина релативно мирно ќе го преживеат февруари, овие три знаци ги чека тежок период.

Овен: Февруари е многу бурен месец за вас, особено на личен и деловен план. Ве очекуваат различни предизвици, ситуации и изненадувања. Затоа, вдишете длабоко, станете на прва топка и потрудете се да одолеете на желбата за промена и напредок.

Во глава ви се вртат добри нови идеи за заработка и работа и затоа најмногу би сакале да излезете од постоечката рутина, но сеуште не сте ги задоволиле сите услови, па не избрзувајте со одлуките. Обрнете внимание пред шефовите да не ги прикажете своите идеи, за некој да не ги искористи и да ги собере признанијата.

Што се однесува до љубовта, Овните кои се во врска чекаат променливи води и затоа се можни емотивни разочарувања. Присутно е чувството на осаменост и недостаток на интензивна поврзаност со партнерот. Ова всушност не е ништо друго туку ваше лично чувство настанато поради вашата моментална претерана потреба за внимание и љубов. Периодот на „криза“ партнерот нема да го забележи како необично ако успеете да се воздржите од потребата за расправија и кавга. Без оглед на тоа, во овој период ќе се интензивира вашиот сексуален живот, бидејќи вас либидото ќе ви биде мошне силно.

На слободните овни во претходниот период некој им се допадна, но токму таа личност нема да биде во ваша близина. Иако нема да ве напушти енергијата, исклучително ќе ја трошите. Обратете внимание на грбот, колената, коските, забите, бидејќи се до 15 фавруари би можеле да имете проблеми со нив.

Девица: Драги Девици, иако ќе бидете полни со позитивна енергија и спремни да се справите со сите предизвици, ќе мора да избегнувате било какви совети од поединци од ваша близина во работната околина. Всушност со нив само ќе се исцрпувате, беспотребно ќе се расправате и ќе ги губите нервите…

Во февруари ќе се надвијат непријателски настроени планети над вашето поле за љубов и деца. Затоа овој период за вас е мошне предизвикувачко и полно со напнатост и фрустрации. Оние кои се во тазе врска, сега можат да ја вкусат страсната фаза на емотивниот однос. Како и секоја страст ќе бидете повремено исклучително задоволни, но ќе се јави и љубомора, посесивност, контрола… Овие опасни игри со оган може да предизвикаат и прекин на врската со помирувања и чести осцилации.

Претставниците на знакот кои подолго време се во врска малку полесно ќе го преживеат периодот на криза и нестабилност. Ќе се потрудат да изградат поголема меѓусебна отвореност и покажување на чувствата.

Но, овој период е најтежок за Девиците кои се во брак. Тие во февруари ќе влезат со доста замрзнати чувства, бидејќи паднаа во замката на брачна магла, каде повеќе не се гледа јасно каде се вовлекло меѓусебна доверба. Треба што побрзо да се средат односите, да се пронајдете на духовно ниво, за работите да не одат предалеку.

Ако сте слободен претставник на овој знак, нема да имате посебна желба за пронаоѓање на постојан партнер, бидејќи ќе бидете преокупирани со работа, а ќе размислувате за старата љубов. Како што тоа обично бидува, ќе ја повиката старата љубов во својот живот. Епилогот е краен занес, страст и соочување со проблемиите поради кои веќе еднаш сте се разделиле…

Иако сте во полна сила и форма, се исцрпувате на работа и многу сте напнати. исто така би било корисно помалку време да поминувате на компјутер.

Вага: Во однос на претходните два знака вам нема да ви биде тотална катастрофа на работа, но тоа не може да се рече за љубовните односи и здравствената состојба. Марс во вашето второ поле, каде што се финансиите, ги буди вашите амбиции, а отворањето на одлични прилики за баратање со туѓи пари ги предизвикува во вас заспаните таленти за материјалното. Поддршката на планетите и младата Месецина ќе ве упатат на нов почеток каде ќе треба да покажете уметничка вештина за манипулација со пари.

Зафатените Ваги имаат сложена ситуација. Оние што се во брак ќе почувствуваат емотивни потреси, ќе се жалат дека не се доволно сакани, не сфаќајќи притоа дека и самите не се доволно присутни во бракот. Односите може да се изгладат ако партнерот ви купи подарок или не влезе во караница со вас.

Посебно внимание побратете на еден член од семејството кој минува низ тежок период.

Оние Ваги кои подолго време се во врска исто така ќе почувствуваат нестабилност, поради личното доживување на емотивната криза. До ова дојде поради чести караници, љубомора и чувство на недоволна љубов. Можни се трајни прекини на врската, одложување на венчавката, а и некој нов може да стане предмет на обожување. Се на се, еден вознемирувачки месец е пред вас и затоа обидете се да пронајдете рамнотежа во други нешта.

Воздржете се од конечни одлуки, не драматизирајте, туку трпеливо чекајте да помине бурата. Слободните Ваги имаат објективни шанси да пронајдат партнер било преку социјалните мрежи, било на еден необичен начин. На пример, на планинарење. Некој потполно нов ќе разбуди во вас внимание и страст. Сепак, овојпат ќе бидете мошне внимателни, можеби затоа што ви се случува нешто налик на филмска приказна и затоа што се дојде така одеднаш.

Чувајте се од настинки и вируси. Сколни сте на инфекции кои лесно може да ги префатите од најблиските во секојдневниот контакт. Сметајте дека се ќе биде атипично и дека лековите, освен намалување на температурата, нема многу да ви помогнат. Хроничните здравствени тегоби ќе се јават кај оние кои веќе имаат проблеми со нозете и стапалата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top