Во Македонија денеска е и делегација од Катар предводена од претседателот на Владата и министер за надворешни работи на државата Катар шеик Хамад бин Џасим бин Џабир Ал-Тани.
Попладнево во Владата прво е закажана средба на премиерот Никола Груевски со шеикот Ал- Тани, по што следуваат разговорите на официјалните делегации на двете земји.
За време на оваа посета предвидено е потпишување меморандуми за разбирање за соработка во областа на здравството и меѓу Катарската комора и стопанските комори на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


