| четврток, 6 декември 2018 |

Албанскиот зеленчук ја намалува откупната цена на домашниот

зеленчук

Албанскиот зеленчук ја намалува откупната цена на домашното производство, јави струмичката телевизија „Вис“.

Вака обвинуваат земјоделските производители на пазарот на големо во Струмица. Револтирани се од тоа дека Министерството за земјоделство и надлежните институции дозволуваат внесување големи количества земјоделски производи од Албанија кои со сомнителен квалитет и ниски цени ги продаваат низ пазарите во државата.

Со тоа наместо домашниот, го штитат интересот, но и производството на соседната земја, велат струмичките производители, кои се разочарани од ниските откупни цени и од слабиот интерес за откуп.

Ако до пред неколку дена откупната цена на пролетната зелка се движеше околу 40 денари, денес се откупува по 30 денари. Компирот се откупува по 20 денари, краставицата по 40 денари. Секој ден сѐ повеќе се зголемува понудата на градинарските производи со што земјоделските производители стравуваат дека откупните цени и понатаму ќе опаѓаат со што нема да можат да ги покријат основните производствени трошоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top