Фиона Кериган е мајка која ќе остане запаметена по многу чуден феномен. Таа за време на бременоста претрпела страшна алергиска реакција која и предизвика сериозен црвенило на стомакот поточно на нејзините стрии.
Лекарите и дијагностицирале полиморфно бремена алергија (ПЕП) која се јавува среде растегање на кожата на стомакот, а во превод тоа е алергија на сопствената бременост. Црвените точки најчесто се јавуваат околу папокот, но за среќа алергијата е безопасна.
-Алергијата се ширеше како пожар, ми беше по целото тело, стомакот, дланките…беше страшно. Бев подготвена на неколку стрии н ова беше вистински хорор – изјавила Фиона.
Иако по препорака на лекарите мачкала помади и за смирување на алергијата ништо не и помогнало. Нејзината кожа толку се растегнала што ќелиите на бебето почнале да се мешаат со нејзините и предизвикаа реакција.
Оваа реакција се случува во еден од 200 случаи и потребно е кожата редовно да се третира со стероидни помади и хидрантни лосиони. По некое време со редовно употребна алергијата се намали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.