| четврток, 6 декември 2018 |

Икона со Ангелот од Курбиново од Груевски за среќниот гостиварец Божиновски

 Светиот крст за првпат е во рацете на Горан Божиновски, кој по истиот скокаше во осветените води на Вардар во Гостивар.

 На среќниот Горан, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој присуствуваше на манифестацијата му подари икона на која е претставен Ангелот од Курбиново и лап-топ компјутер.

132990891

На централната манифестација на положувањето на крстот во водите на Вардар присуствуваа голем број верници. Истите тргнаа од соборниот храм „Св Богородица“ , а крстот во водите на Вардар го положи митрополитот тетовско гостиварски, господин Јосиф.

Инаку оваа традиција минатата година беше возобновена по 68 години, од страна на иницијативен одбор, во чиј состав беше и Горан Илијевски кој својот живот го загуби во Куманово во мај минатата година.

Во негова и во чест на Ненад Серафимовски пријателите носеа маички со нивниот лик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top