Актерот Васил Зафирчев попладнево беше итно опериран, откако на проба за шоуто „Танц со ѕвездите“ го повреди своето колено.
По оваа операција на капачето на неговото колено, Зафирчев ќе мора да мирува минимум осум недели, што не значи само крај за неговиот понатамошен настап во шоуто, туку последици ќе претрпат и неколкуте театарски проекти во кои тој требаше да има удел.
Актерот своето колено го повредил вежбајќи танц чекор со скок, кој лошо го завршил, па веднаш е одведен во болница.
Васил и неговата партнерка Наде сепак ќе бидат дел од следната емисија на „Танц со ѕвездите“, бидејќи таа веќе е снимена, но нивниот валцер ќе биде последен.
Зафирчев е вториот актер кој се повреди во текот на ова шоу, пред две недели со повреда на неговата рака, „Танц со ѕвездите“ го напушти и Висар Вишка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



