| четврток, 6 декември 2018 |

Индустријата пораснала за 5 проценти во однос на ланскиот февруари

celicna-industrija1-(1)

Прометот во индустријата во февруари годинава во однос на февруари лани бележи пораст од 5,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Прометот на домашниот пазар бележи пораст од 7,8 отсто, а на странските пазари пораст од 4,3 проценти.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен бележи пораст од 14 проценти, а во секторот преработувачка индустрија од 5,1 проценти.

Според главните индустриски групи, пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 20,5 проценти и капитални производи за 11,6 проценти, а опаѓање кај енергија за 26,4 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 14,6 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9 процент.

Прометот во индустријата во февруари 2013 година во однос на јануари 2013 година бележи пад од 3,9 проценти, додека во периодот јануари-февруари 2013 година во однос на периодот јануари-февруари 2012 година има пораст од 4 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top