Европскиот суд за човекови права во Стразбур потврди дека работодавците имаат право да ја проверуваат интернет-комуникацијата на своите вработени, односно да ги читаат пораките што тие ги испраќаат преку разни платформи.
Оваа одлука е донесена за случајот со романскиот инженер кој е обвинет, бидејќи користел Јаху месинџер, не само за професионална комуникација, туку и праќал пораки на својата вереница и на својот брат.
Судот во Стразбур застана на страна на работодавачот на обвинетиот инженер, со образложение дека не е неразумно работодавачот да провери дали вработените ги извршуваат своите професионални обврски за време на работните часови.
Судот ги отфрли аргументите на романскиот државјанин, со кои тврдел дека работодавачот му ги надгледувал приватните пораки, со што го прекршил правото на приватност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


