| четврток, 6 декември 2018 |

Народни верувања за кои сигурно не сте знаеле: што значи кога ве чеша одреден дел од телото

Во народот се раширени многу верувања за тоа што значи кога ќе ви затрепери одреден дел од телото. Голем број секојдневни појави луѓето во старите времиња ги поврзуваа со предвидувања за иднина, а тие „теории“ и ден денес може да ги чуеме од нашите баби и дедовци.

Svrab-cesanje-620x350

Дали знаете што значи ако ве зачеша врвот на главата, или што значи кога ќе имате шум во левото уво…

Ако ве зачеша:

Врвот на главата – покажува материјална добивка или за бремени жени предвидува ќе родат машко дете

Задниот дел од вратот – некои личности ќе ви донесат дарови

Темето на главата од десна страна – ќе судите за некој

Темето на главата од десна страна – ве очекува веселба

Челото – ќе слушнете лоши вести

Брада- ќе сретнете стар пријател

Десна дланка – ќе давате пари

Лева дланка – ќе  добиете пари

Папок – некој ќе ве почести

Десно колено – ќе најдете богатство

Лево колено – нешто лошо ќе ви се случи

Десна пета – радост и добри вести

Лева пета – некој ќе ви приговара

Десен табан – ќе одите на пат

stopala002

Лев табан- ве очекува големо богатство

Ако ви затрепери:

Челото помеѓу очите- ќе одите на пат

Горниот дел од десното уво – очекувајте караница

Горниот дел од левото уво – ќе добиете добра вест

Десна веѓа – вашите деца ќе напредуваат

Seksi-devojka5

Лева веѓа – благосостојба и среќа

Двете веѓи – очекувајте веселба

Десно око – се што ќе посакате ќе ви се оствари

Лево ко – ќе доживеете голема почит

Целиот нос – лоши вести и болест

Една страна од носот- ќе имате големи грижи

Горната усна – ќе ви пристигнат гости

Долна усна – ќе докажете дека сте во право

Двете усни – ќе се бакнувате со некој

Ако ви ѕвони во десното уво – добри вести и голема веселба

Ако ви ѕвони левото уво – лоши вести кои ќе донесат тага

uvo

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top