| четврток, 6 декември 2018 |

Нападнати и ограбени двајца Мароканци на железничка во близина на Скопје

поли

Во СВР­ Куманово вчера во 11 часот Е.С. и Е.Е. државјани на Мароко, пријавиле дека на 07.01.2016 година во близина на Скопје на железничка станица надвор од градот, од страна на три засега непознати лица со употреба на безбол палка и електро шокови, им било извршено разбојништво, при што им биле одземени околу 300 евра, патни исправи и лични карти на нивно име и мобилен телефон „Сони“.

МВР денеска соопшти дека лицата на 08.01.2016 година околу 23,50 часот во ПС од ОН Куманово пријавиле дека биле нападнати од страна на две лица, кои ги превезувале со патничко моторно возило, при што Е.С. избегал и се сокрил, а Е.Е. бил удрен со тупаници при што не му се нанесени видливи повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top