Мнозинството Австријци се против официјално признавање на муслиманските празници во Австрија, како што тоа го бара Исламската заедица во таа земја.
Шеесет и девет проценти од Австријците, според истражувањето на Институтот „Кармасин“, се против признавање на муслиманските празници, а само 26 проценти го одобриле тоа барање.
Исламската заедница побара на исламските верници во Австрија да им се овозможи да имаат слободен ден на своите верски празници.
Организацијата предложи на муслиманите во Австрија да им се одобри празнување и слободни денови за верските празници по примерот на специјалното решение за протестантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Австрија: Властите не му дале азил на Авганистанец затоа што не бил доволно хомосексуалец
-
Железничка несреќа во Австрија: Има повредени и мртви