Божиќниот концерт на Македонската филхармонија посветен на големиот христијански празник се одржа денеска (7 јануари) со почеток во 12 часот во Македонскиот народен театар. Диригент е маестро Саша Николовски-Ѓумар, а на програмата на Филхармонијата годинава беа познати сегменти од балети, опери и оркестарски дела на руските композитори: Чајковски, Бородин, Глазунов, Глинка и Мусоргски.
Најавените изведби на суитата „Оревокршачка“ на Петар Илич Чајковски, на сегмент од операта „Кнез Игор“ – „Половецки танци“ на Александар Бородин, како и интермецо од балетот „Рајмонда“ на Александар Глазунов, делото „Валс- фантазија“ од Михаил Глинка ја воодушевија публиката. За крај на концертот беше изведена „Големата порта на Киев“ од делото „Слики од изложба“ од Модест Петровиќ Мусоргски, чија музика, потсетуваат од Филхармонијата, е опишувана како необично страсна, па и заразна.
|
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.