Mакедонската опера и балет ја продолжува традицијата. На 12 и 13 јануари со почеток во 20.00 часот, за прв пат во Македонската опера и балет – МАКФЕСТ ЗА ВАСИЛИЦА!
Со настап во живо, во гала концертна варијанта, 68 музичари, 12 рок поп-пејачи и еден диригент низ 15 рефрени ќе го пренесат најдоброто од 25 години Макфест.
Билетите за двата концерта се со цена од 800/1000/1200 денари и сe во пуштени за продажба на билетарницата на МОБ и online на www.mob.com.mk.
За програмата:
Оваа година направен е избор од најслушаните рефрени испеани на фестивалот „Макфест“. Публиката ќе има можност да ужива во популарните: Кога те нема, Свирете ја зајди, зајди, Еден бакнеж и магија се стори, Кој да ти каже Ивана, Ангели ме носат и многу други.
Ќе ги исполнат најпопуларните ѕвезди од македонската естрада: Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ, Елена Ристеска, Сара Мејс, Александар Тарабунов, Елена Петреска, Александар Белов, Нина Јанева, Лидија Кочовска, Димитар Андоновски, Јоце Панов и Вејчеслав Поповски. Ќе ги придружува Оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.