Бадниковото гранче го означува Христос, односно дрвото на животот во рајот. Симболиката е и во тоа што дрвото на животот е она што дава вечност. Како што дабовото дрво најдолго тлее, односно држи жар, така оној што ќе си постави во домот верува дека го чека живот вечен. Украсувањето на домот во божиќен дух, особено со неизбежната декорација, бадниково гранче, на нашата почва се практикува речиси отсекогаш. Па така, не случајно, неколку дена пред Божиќ, односно Бадник, на големо може да се забележат улични продавачи, кои овие гранчиња ги продаваат за симболични 10 -20 денари.
Бадниковото гранче, за кое се верува дека е најздраво дрво)се става под масата за да бидат здрави сите во семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.