Едно лице го загуби животот по сообраќајна незгода што синоќа околу 17 часот се случи на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид.
Сообраќајната незгода се случила во момент кога автомобил со охридски регистарски ознаки движејќи се од Охрид кон селото Долно Лакочереј, преминал на левата коловозна страна и со предниот лев дел возилото удрило во велосипедистот кој се движел во спротивен правец.
Иако веднаш е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ 62-годишниот Здравко Н. од здобиените тешки телесни повреди починал.
Кај возачот на автомобилот по извршен алкотест утврдени се 1,08 промили алкохол во крвта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.