Романскиот претседател Трајан Басеску предизвикал сообраќајна несреќа во главниот град Букурешт, во кој за среќа нема повредени, соопшти во саботата порталот Moldnews.
Шефот на романската држава управувал автомобил „Дачија логан”, сопственост на службата за државна безбедност, се удрил во автомобил во близина на мостот Отопени.
-Претседателот не можеше да го одржи растојанието и се удри во пред него запрен автомобил. Во судирот нема настрадани, а возилата претрпеа полесни оштетувања, се наведува во информацијата на порталот.
Басеску ја признал вината за судирот, а инволвираните страни се договориле да не биде направен записник за сообраќајката
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.