| четврток, 6 декември 2018 |

Чековски останува верен на Работнички

rabotnicki
фото: екипа.мк

Ѓорѓи Чековски ќе продолжи да го носи дресот на Работнички до крајот на оваа натпреварувачка сезона. Искусниот крилен центар имаше договор со најтрофејниот кошаркарски колектив до крајот на месецов, период во кој екс-репрезентативецот не земаше ниту плата во „Градски парк“.
Двете страни во меѓувреме седнаа на преговарачка маса, при што било договорено популарниот Станко да остане во Работнички до крајот на сезонава, како главен адут на Марин Докузовски и предводник на подмладениот тим на Работнички. Раководството на клубот уште од самиот старт на сезонава најави дека приоритет ќе биде да се покријат долговите што се таложат со години, макар и сезонава тимот да не се бори за највисок пласман.
Присуството на Чековски, надополнето со Мираковски, Крстевски и Ѓуровски, ќе биде сосема доволно за опстанокот воопшто да не биде доведен во прашање, но јасно е дека со ваков ростер, исполнет со млади играчи, овој тим нема да може да се надева на атак на некој трофеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top