Состојки за 4 лица
500 грама говедско или овчко месо
2 дл. Масло за јадење
4 пиперки бабури
4 домати
200 грама кромид
300 грама компири
Сол
Подготовка: Месото се сече на мали парчиња кко за раженчиња и се посолува. Пиперките се сечат на поголеми парчиња, а кромидот, доматите и компирите се сечат на подебели тркалца. На прачки се редат: парче месо, пиперка, кромид, домат и на крај парче компир. Така се реди се додека не се набоде целото дрвце. Во поголем сад се загрева масло и во него се редат едно врз друго набодените прачки. Потоа се посолуваат и се печат в рерна додека месото не омекне. Мора да се внимава зеленчукот да не се растури.
Како додаток во јадењето се служи динстан ориз, преку кој се редат печените шиш-ќебапи, прелиени со сокот од печењето. Јадењето е уште пооригинално ако се служи во посебен покриен сад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во Србија уапсени луѓе заради продажба на 31 тон расипано месо од Бразил
-
Полицаец се заканувал со пиштол во месарница, не му се допаднало месото
-
Компании од Бразил добиле забрана за извоз на месо во Македонија поради небезбедно месо
-
Во 398 контроли на месарници уништени 414 килограми небезбедно месо


